Не е 1-ви април, но американскиот играч на бејзбол, Алекс Родригез, сериозно се пошегува со неговата девојка, пејачката Џенифер Лопез.
За да се пошегува со „девојката од Бронкс”, на Родригез му помагаше израелскиот волшебник Лиор Сухард, како и сите присутни гости на Денот на благодарноста.
Лиор го допре секој гостин на грбот и кога „пукна“ со прстите, сите гости „заспаа” и со главите удрија на масата.
Тоа ја изненади Џенифер, бидејќи не знаеше што се случува, додека еден од гостите не почна да се смее.
Родригез сето тоа го сними на телефон и го постави на Инстаграм.