Главниот град на Австрија започна кампања која има за цел да ги охрабри туристите повеќе да уживаат во градот, а помалку да прават селфи.

Под името „Unhashtag  Viena” започна кампања во Обединетото Кралство, и пораката е многу интересна „Види ја Виена, а не # Виена. Уживајте во градот зад вашите фотографии“ (See Vienna, not #Vienna. Enjoy the city behind you pics).

Туристичката организација на Виена вели дека ова не се работи за кампања против социјалните мрежи, туку поентата е посетителите да престанат своето патување да го врзуваат исклучиво за нив и за момент навистина да уживаат во градот, како и да престанат да прават многу селфиња под притисок дали испаднале совршено додека уметноста и убавината на овој град им „промакнува“.

На кампањата и се придружи и галеријата Белведере, која три дена  преку најпознатата слика на Климт „Бакнеж“ стави црвен хаштаг со кој апелира до посетителите дека не мора секоја слика од тука да заврши на социјалните мрежи.

Исто така, по пристигнувањето на аеродромот во Виена, посетителите ќе ги пречека слоганот „Добредојдовте во Виена”. Не # Виена” (Welcome to Vienna. Not #Vienna“).