Истражувањето за кое беа прогалсени за добитници на Нобелова награда за медицина, Џејмс Алисон и Тасуку Хонџо му помогна на еденд познат пациент – поранешниот американски претседател Џими Картер.
Во 2015 година на Картерму бил дијагностициран меланом што се раширил на неговиот мозок. Во терапијата што му ја препишале лекари бил и лекот направен врз основа на истражувањата на Тасуку Хонџа и во 2016 година му е речено дека веќе не треба да се лекува.
Хонџо изјави дека е најсреќен кога ќеслушне од пациент дека се опоравил поради неговото истражување. Научникот нагласи дека е почестен и одушевен за наградата.
Тасуку Хонџу (76) од јапонскиот Универзитет од Кјото вели дека сака да продолжи со истражуавње за да спаси и други пациенти и им се заблагодари на колегите, студентите и семејството за поддршката при истражувањето.