Со нова метода на анализа на снимки направени со компјутерска томографија можно е да се предвиди на кои пациенти им се заканува срцев удар и тоа со години пред да се случи, објавија научници од Универзитетот во Оксфорд.
Технологијата е развиена со установи во Германија и САД сокористење алгоритми за да се проучат маснотии околу коронарните артерии прикажани на снимки на срце направени со КТ.
Маснотиите се менуваат кога артериите се воспалени и тоа може да служи како рано предупредување во 30отсто случаи на срцеви удари, велат научниците.
– Ако можете да идентификувате воспаление на артеија на срцето, тогашможете да кажете која артерија ќе предизвика срцев удар, вели Хараламбос Антониадес професор на Универзитетот. Со новата технологија тоа е можно ако се анализираат снимки од КТ.