Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска изјави дека никогаш не треба да им се дозволи на надворешните сили да се мешаат во внатрешните работи на земјите под никаков изговор.
-Земјите треба да бидат цврсто поддржани во процесот на потрага по сопствени насоки за развој и модели на управување кои одговараат на нивните домашни услови, рече Си, пренесуваат британските медиуми.
„Иднината на развојот и напредокот на нашата земја треба да биде цврсто во наши раце“, кажа кинескиот лидер.
Си, преку видео врска, им се обрати на учесниците на самитот на шефови на држави на Шангајската организација за соработка (ССОС), што се одржува во Таџикистан.