Односите меѓу Кина и Северна Кореја „влегуваат во ново историско поглавје“, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг воочи неговата посета на Пјонгјанг и средбата со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, јавија кинески државни медиуми.
Шји Џјинпинг во изјава за весникот „Родонг Синмун“ навел дека Кина останува посветена на развивање на односите со Северна Кореја и на зајакнување на соработката во сите области.
„Треба да се спротивставиме на хегемонијата, авторитаризмот и сите обиди за оживување на милитаризмот кои ја загрозуваат регионалната безбедност и стабилност“, изјавил Шји.
Тој денеска пристигна во дводневна посета на Северна Кореја, што е негова прва посета на земјата по седум години. Шји во Пјонгјанг допатува во придружба на бројна висока делегација, а посетата се оценува како обид за зајакнување на билатералните односи во услови на засилени регионални тензии.
фото: архива




