Државите од БРИКС, како важни пазари во создавање и големи земји во развој, треба да делуваат со чувство на одговорност, за да му донесат на светот позитивна, стабилизирачка и конструктивна сила, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг.
Како домаќин на 14. Самит на БРИКС, што се одржува по пат на видео линк, Си вчера истакна оти тој се одржува во критичен момент во обликување на идниот тек на човештвото.
– Спротивно на сложените околности за време на пандемијата од Ковид-19, макотрпното светско економско закрепнување и сè поизразените прашања за мир и безбедност, механиза мот на БРИКС покажа отпорност и виталност прифаќајќи го духот на отвореност, инклузивност и на соработка од што сите добиваат, подвлече Си.
Според него, земјите од БРИКС ги зајакнале солидарноста и координацијата и заеднички работеле на предизвиците.
За да донесат позитивна, стабилизирачка и конструктивна сила на светот, Си смета дека земјите од БРИКС треба да се залагат за еднаквост и за правда, да ја охрабруваат меѓународната заедница да практикува вистински мултилатерализам и да поддржуваат меѓународен систем со Обединетите Нации во нивниот центар и меѓународниот поредок заснован на меѓународното право.
Тој ги повика земјите од БРИКС да апелираат светот да ги отфрли студено-воениот менталитет и блоковската конфронтација, да се спротивстави на едностраните санкции и злоупотребата на санкции и да ги отфрли малите кругови, изградени околу хегемонијата со формирање на едно големо семејство, кое припаѓа на заедницата со заедничка иднина на човештвото.