Џо Бајден е новиот претседател на Соединетите Американски Држави, објавија најголемиот број американски и светски медиуми, откако кандидатот на Демократската партија и формално беше прогласен за победник во државата Пенсилванија со што ги надмина 270-те неопходни гласови според електорскиот колеџ.
Победата на Бајден доаѓа на третиот ден од оддржувањето на изборите во вторникот, откако голем број клучни држави, како Џорџија, Пенсилванија, Невада и Аризона имаа толку тесен резултат што најголемите телевизии и новински агенции не се осмелуваа да прогнозираат кој ќе ја однесе победата до речиси последните пребројани гласови.
Тој освои 273 електорски гласови, а Трамп остана на 213.
Новоизбраниот претседател се очекува вечерва да се обрати на јавноста.