Џо Бајден е 46. претседател на САД. Го победи Доналд Трамп освојувајќи 273 електорски гласови, три повеќе од нужните 270.
Некогаш најмладиот сенатор, денеска стана најстариот претседател во историјата на САД.
Роден е на 20 ноември 1942 година во градот Скрантон, Пенсилванија, како прво од четирите деца во католичко семејство со различно етничко потекло – бабите и дедовците имале англиска, француска и ирска крв, а таткото на неговата мајка бил член на Државниот сенат на Пенсилванија.
Во педесетите години неколку пати се селеле поради проблеми на неговиот татко. Состојбата во еден момент била толку лоша што живелее во куќата на баба му по мајка, што за САД не е толку вообичаено како кај нас.
Потоа се преселиле во Делавер, во градот Вилмонгтон каде неговиот татко конечно нашол стабилна и солидна рабта како продавач на половни автомобили.
Како дете прилично се напатил бидејќи го мачела астма, а забележително и пелтечел, маана која ја поправил со постојано упорно рецитирање пред огледало.
Својот успех го градел благодарејќи на интелигенцијата и напорната работа. Морал да работи за да се школува, а студирал на Универзитетот во Делавер каде дипломирал на отсекот историја и политичи науки, а звањето доктор на правни науки го стекнал на Универзитетот во Сикаракуза во 1968 година.
За време на војната во Виетнам започнува да се инволвира во политиката. Не сакал да им се придружи на републиканците бидејќи не го сакал Никсон, а не ги сакал ни демократите „зашто не се ослободиле од конзервативните расистички ставови“. На крајта, сепак им пристапил на демократите откако работодавецот го уфрлил во форум на кој се расправало за начините на оживување и реформирање на партијата.
Кон крајот на 1969 година станал деморкатски кандидат на изборите за округот Њукасл на кои победил На таа позиција останал две години, а потоа станал и сенатор пред да наполни 30 години.
Сенаторското место го освоил без пари и без медиумска поддршка. Кампањата ја воделе неговата сестра Валерија, додека другиот дел од семејството делел памфлети од врата на врата. Кампањата ја базирал на ветувања за поправедно образование, здравствена заштита, излегување од војната во Виетнам, граѓански права и зачувување на животната средина.
ПРВА ТРАГЕДИЈА
Само неколку недели по изборот во 1972 година, неговата сопруга Нилија со која се оженил во 1966 година и со која имал три деца, погинала со едногодишната ќерка Наоми Кристина во сообраќајна несреќа. Нилија тргнала да купува подароци за Божиќ кога во нивното возило удрил трактор. Синовите Бо и Роберт поминале со полесни повреди.
Погоден од трагедијата, сакал да се откаже од сенаторското место, но го убедиле да не го прави тоа. Само 20-тина дена подоцна ја положил заклетвата и станал шести најмлад сенатор во историјата на САД. Иако многумина мислеле дека сепак ќе даде оставка, тој останал посветен на работата. Секој ден со часови патувал до Вашингтон, а единствен ден кога не работел е 18 декември – денот на несреќата.
ВТОРА ЉУБОВ И ПРОПАДНАТА КАМПАЊА
Бил растргнат меѓу рабтата и грижата за двата сина. Во 1975 година, неговиот брат му договара состанок на „слепо“ и така ја запознава Џил Трејси Џејкобс со која се оженил две години подоцна и ја добил ќерката Ешли Блејзер.
Неговата кариера почнуваат да ја следат и медиумте. „Тајм“ своевремено му предвидел светла иднина. Следеле судари со администрацијата на Реган, а во 1987 година решил да оди чекор понатаму и ја објавил својата кандидатура за демократска претседателска номинација.
Кампњата почнала одлично, но набргу следи колапс поради лоши односи во тимот.
БОРБА ЗА ЖИВОТ
Со повлекување од претседателската трка, не престанале проблемите. Набргу се соочува со сериозни здравствени проблеми и половина година бил надвор од политичките води. Се покажало дека главоболките и болките во вратот се последица на аневризма по што неколку пати се оперирал, а животот бувално му висел на конец.
ОПОРАВУВАЊЕ, ПАДОВИ И КРЕВАЊА
По заздравувањето, одново се посветува на работата. Во деведесетите години игра значајна улога во пишувањето на многу закони меѓу кои и Законот за насилство над жените, кој според неговите зборови, е негово најзначајно достигнување за 30-те години во Сенатот.
Му бил верен на Бил Клинтон, гласајќи против неговиот импичмент. Активен е во деведесетте во настаните во Југославија, а меѓу првите е кој го нарекува Слободан Милошевиќ воен злострник.
ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОБАМА
Бајден отсекогаш важел за врвен учесник во дебатите. Не му се допаѓа многу на Барак Обама, но во еден момент, се создава проценка дека може многу да му биде од помош и така станува негов потпретседател. Многумина веруваат дека токму Бајден е тој кој одиграл голема улога во победата на Обама.
Се смета дека ако Обама имал позитивно владеење, токму Бајден носи голема заслуга за тоа.
НОВ УДАР НА ЖИВОТОТ
И додека тој ниже политички победи, во приватниот живот му се случуваат нови проблеми. Синот Бо заболува од рак и починува во 46 година од животот. Токму поради тоа не се кандидира на минатите претседателски избори, а малку кој очекувал дека тоа ќе го стори сега, кога има 78 години.
Сепак, го прави тоа, во оваа претседателска трка која е единствена поради корона кризата.
Сега сите очи на САД но и во светот се вперени кон него Дали ќе успее да ја спречи епидемијата во САД и дали ќе ја извлече земјата од финансиска криза?
Што се однесува до неговата состојба, според проценките, тој „тежи“ околу девет милони долари – далеку помалку од Доналд Трамп кој заминува во историјата. Американските медиуми пишуваат дека има околу 4 милиони долари во недвижни, има инвестиции и федерална пензија.
Неговата плата како претседетел на САД ќе биде 400 000 долари, а сопругата Џил изјавила дека ќе продолжи да работи.