Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека мора недвосмислено да се утврди дали вештачката интелигенција (ВИ) е опасна.
Бајден истакна дека компаниите за вештачка интелигенција имаат одговорност да ги направат своите производи безбедни пред да ги направат достапни за јавноста.
Бајден им укажа на своите советници за наука и технологија дека вештачката интелигенција може да помогне во справувањето со болестите и климатските промени, но нагласи дека е важно да се разгледаат потенцијалните ризици.
На новинарско прашање дали вештачката интелигенција е опасна, американскиот претседател кратко одговори: „Останува да видиме“. Би можела да биде опасна.“