Американскиот претседател Џо Бајден (78) трчаше по скалите додека се качуваше во авионот, се сопна и за малку ќе паднеше. Потоа повторно потрча и овој пат навистина падна. Тој успеа брзо да стане, но на следното скалило пак падна.
Потоа стана, ги исчисти пантолоните и продолжи да се искачува како ништо да не се случило.
Сопнувањето на Бајден се случи додека се качуваше во авион пред да се упати кон Атланта.
Снимките од падот придонесуваат за стравување за здравјето на Бајден, но Белата куќа соопшти дека претседателот е во добра здравствена состојба и е способен да управува со земјата.