Во нејзините мемоари, „The Beauty of Living Twice“, Шерон Стоун зборува за непријатностите што ги доживеала во нејзината кариера и призна дека снимањето на „Основен инстинкт“ и било особено тешко.

Актерката тврди дека била измамена за снимањето на култната сцена во филм со прекрстени нозе за да ги соблекла гаќичките. Шерон, која за време на снимањето имала 32 години, рече дека и било ветено оти нејзината интимна област нема да биде видлива на екранот.

Таа додава дека сфатила оти договорот не бил почитуван кога ја видела последната верзија на филмот во просторија полна со агенти и адвокати, од кои повеќето немале никаква врска со проектот.

-Така првпат ја видов мојата вагина откако ми рекоа:„ Ништо нема да се види, само треба да ги тргнете гаќичките бидејќи белата боја рефлектира светлина, па затоа знаеме дека имате гаќички “. Да, имаше многу ставови на оваа тема, но бидејќи јас сум таа со вагината, можам само да кажам дека сите други погледи се чисто срање- напиша таа.

По гледањето на филмот, Стоун тврди дека му удрила шлаканица на режисерот Пол Верховен, отишла до нејзиниот автомобил и го повикала адвокатот Марти Сингер.

Адвокатот, наводно, ја известил дека според Здружението на еснафот на актери, филмот не може да се снима на овој начин затоа што не е легитимно да се снима на тој начин.

-Јас го информирав Пол за можностите на кои Марти ме изложи. Се разбира, тој жестоко негираше дека воопшто имам избор. Бев само актерка, само жена, каков избор можев да имам? Но, имав избор. Јас размислував и размислував, и решив да ја пуштат “оваа сцена во филмот. Зошто? Затоа што беше соодветно за овој филм и за ликот, и конечно затоа што и јас го сторив тоа, заклучи Стоун.