Поранешниот советник за национална безбедност на експретседателот на САД Доналд Трамп, Џон Болтон, изјави дека сите оние кои мислеле дека Русите ќе се предадат „се покажа дека многу згрешија“.

Тој додаде дека намалените залихи на муниција на земјите-членки на НАТО се јасен „одраз на недостатокот на општа стратегија“.

– Списокот на бескрајни системи за оружје не е стратегија, но развивањето на вашите цели и како можете да ги исполните тие цели е, а тоа вклучува и проценка на вашата способност да ги исполните тие цели. Секој што мислеше дека Русите ќе се повлечат, беше во голема заблуда. Ние само реагираме од ден на ден и не размислуваме однапред, истакна Болтон.

Тој тврди дека западните земји „потрошиле премалку за националната безбедност по распадот на Советскиот Сојуз“.

– Сега се соочуваме со друг проблем, како што рече генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, новата руска офанзива, заклучи Болтон.