Џон Мекафи изјави дека преживеал обид за убиство од неговите „непријатели“ кои се обиделе да го отрујат.
Пионерот на кибернетската безбедност обвинувањата ги изнесе преку Твитер и објави слика од болнички кревет каде лежи поврзан со цевки.
„Моите непријатели успеале да вметнат нешто што јас сум го проголтал. Како и да е, мене е многу потешко да ме убијат, отколку што може и да се замисли. Се враќам“, напиша 72-годишниот заштитиник на компјутерите од вируси.
Тој дури испрати и сериозна порака: „Наскоро ќе ја дознаете вистината за ова. Точно знам кои сте“.
Мекафи изјави дека до сега преживеал 11 обиди за атентат и додаде дека ниту еден од тие што тоа го направиле потоа не живеел повеќе од два месеци.