Пред неколку дена на интернет се прошири видео на кое свештеник удара расплачено дете за време на крштевка.

Родителите,  видно шокирани  молчеа неколку моменти, а потоа, како што се гледа на снимката, таткото го зема детето од рацете на свештеникот.

Иако имаше информација дека настанот се случил на Карибите, во меѓувреме беше откриено дека ова се случило во Франција.

Свештеникот е 89-годишниот Жак Лакрој, а настанот се случил во црква во југоисточните предградија на Париз.

– Ова е крајот на мојата служба, изјави свештеникот откако снимката го шокираше светот.

Свештеникот жали за сè, но, се правда дека не го удрил силно.

– Тоа беше нешто помеѓу галење и удирање, се надевав дека ќе го смирам, но не успеав. Детето врескаше, морав да му ја свртам главата за да полеам со вода, вели свештеникот.

-Му се извинувам на неговото семејство. Ова е крај на мојата служба, тоа беше моето последно крштевање, на сé еднаш му доаѓа крајот, рече тој.