Северна Кореја не сака повеќе американскиот државен секретар Мајк Помпео да учествува во нуклеарните преговори, објави денеска севернокорејската државна новинска агенција КЦНА.

– Се плашам дека атмосферата ќе биде лоша и дека разговорите повторно ќе запнат ако Помпео продолжи да учествива во преговорите, изјави претставникот на севернокорејското Министерство за надворешни работи Квон Џонг-гун.

Тој додаде дека при евентуално продолжување на дијалогот со САД, во кој нема да учествува Помпео туку „повнимателно и позрело лице во комуникациите“.

– Никој не може да ја предвиди ситуацијата на Корејскиот Полуостров ако САД се откажат од клучната причина поради која Пјонгјанг е принуден да развива нуклеарна програма, посочи Квон, без да ја прецизира изјавата.