Британија ќе ги врати назад мигрантите кои се обидуваат илегално да преминат од Франција преку каналот Ламанш, изјави британскиот премиер Борис Џонсон.

– Ќе ве вратиме назад, изјави Џонсон, одговарајќи на новинарско прашање која е неговата порака до илегалните мигранти, откако властите пресретнаа чамец со мигранти крај јужниот брег на Англија.

Според Џонсон на Велика Британија не треба да се гледа како на место каде може автоматски да дојдете и да го кршите законот.