Владата на Велика Британија постепено ќе го укине увозот на руската нафта и нафтени деривати до крајот на 2022 година. Овој преоден период ќе им даде на пазарот, бизнисите и синџирите на снабдување повеќе од доволно време за да го заменат рускиот увоз – кој сочинува 8 отсто од побарувачката во Велика Британија.
„Ќе престанеме да увезуваме руска нафта. Господине спикер, мојот десен почесен пријател, Деловниот секретар, ќе го извести парламентот за тоа утре, и ние ќе го употребиме секој метод што можеме, дипломатски, хуманитарен и економски, господине претседателе, додека Владимир Путин не пропадне во овој катастрофален потфат и Украина е слободна уште еднаш“ – изјави Џонсон.
„Тоа што го објавуваме денес е дека сакамe да видиме елиминација на увозот на Руската нафта во текот на годината. Со тоа луѓето ќе имаат време да се адаптираат на новата ситуација. Но сакаме да го видиме елиминирањето на увозот на рускаат нафта, како што реков, во текот на 2022-та година“ – објаснува британскиот министер за енергија, Квази Квартенг.
Британија е помалку зависно од руската нафта отколку многу европски земји.
Во изјавите од Лондон засега не се споменува рускиот гас што Британија исто така го увезува.