Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска ја бранеше одлуката на Владата во Берлин да не го следи Вашингтон и да воведе забрана за увоз на руската нафта како нова казна за руската воена операција во Украина, предупредувајќи дека тоа би ја турнало Германија во хаос и дека тоа поскоро би била победа отколку пораз на Кремљ.

„Доколку Германија е уверена дека забраната на увозот (на нафта) би ја завршило војната, би го сторила тоа. Но не верува“, рече Бербок.

Германија е зависна од Русија за третина од вкупниот увоз на нафта, што е многу поголема зависност отколку САД – околу 8 отсто.

„Кога веднаш би ја донеле таквата забрана, утре во Германија не би можеле повеќе да се движиме“, посочи Бербок.

Додаде дека клучните јавни работници како што се наставниците или медицинските сестри не би можеле да одат на работа, а проблеми би ималЕ и со испорачувањето на електричната енергија.

САД денеска објавија дека воведуваат ембарго на увозот на руските нафта и гас, додека Велика Бротанија соопшти дека постепено ќе го укинува увозот на руски енергенси до крајот на 2022 година, во намерите на двете земји да го зголемат притисокот врз Русија како одмазда за нејзината воена операција во Украина.