Британскиот премиер Борис Џонсон го осуди денеска воениот удар во Мјанмар, по што војската во оваа азиска земја ја презеде власта.

– Аунг Сан Су Чи и останатите цивилни лидери мораат да бидат ослободени, изјави Џонсон.

Тој додаде дека е „недопустливо затворање на цивили, вклучително и Аунг Сан Су Чи“.

– Гласот на народот мора да се почитува, а цивилите да бидат ослободени, заклучи британскиот премиер.

Министерот за надворешни работи на Велика Британија, Доминик Раб ја осуди вонредната состојба која ја воведе војската во Мјанмар, во траење од една година.

– Демократската волја на народот на Мјанамр мора да се почитува и двете страни треба да се помират, напиша Раб на Твитер.