Франција сака повеќе да инвестира во Србија, рече францускиот претседател Емануел Макрон пред средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ денес во Париз. Двајцата претседатели денес разговараа за членството на Србија во Европската Унија, дијалогот за Косово и проширување на економската соработка.

Францускиот претседател Макрон изјави дека Србија ја има поддршката од Франција на нејзиниот европски пат и дека нивните билатерални односи напредуваат и  дека сака Франција да е поприсутна во Србија и да инвестира.

Тој рече дека е одлучен да ја зајакне ЕУ и да создаде автономен политички простор за економски развој и безбедност на ЕУ и нејзините соседи.

“Ја дефиниравме минатата година новата методологија за водење на преговорите за пристапување на ЕУ и Вучиќ ја поддржува таа методологија, за забрзување на реформите и европскиот пат на Србија“,  изјави Макрон.

Франција ги поддржува преговорите на Србија и Косово под покровителство на ЕУ, рече Макрон, кој додаде дека го поздравува она што досега го направил Вучиќ, кој понудил иновативни решенија.

„Ги поддржувам единствените решенијата кои ќе направат напредок, а тоа се решенија на кои ќе се согласат и двете страни“, рече тој.

Српскиот претседател Вичиќ рече дека разговорите за Коово не се лесни и дека работат на тоа да постигнат компромисно решение за двете страни. Тој се надева дека под водтсво на Макрон ќе можат нешто да направат во наредниот период.

„Го прифативме новиот пристап, кој го предложи Макрон, Се надевам дека со негова помош ќе имаме уште поголеми достигнувања во иднина“, рече Вучиќ.