Поранешниот британски министер за надворешни работи Борис Џонсон изјави денеска дека Владата на премиерката Тереза Меј ќе направи „историска грешка“ доколку го спроведе својот план за Брегзит.
Тој смета дека ваквиот план во голема мерка ќе го намали влијанието на Британија и нејзината можност самостојно да постигнува трговски договори.
Обраќајќи се на конференцијата на Демократската унионистичка партија во Белфаст, Џонсон ја повика оваа партија да не ја напушта Конзервативната партија, нагласувајќи дека нејзината поддршка е клучна за Владата.
– Се надевам дека се согласувате оти е апсолутно клучно да го продолжиме ова партнерство, истакна поранешниот шеф на британската дипломатија.
Демократската унионистичка партија се заканува дека ќе ја собори Владата поради Брегзит