Британскиот премиер Борис Џонсон го спореди украинскиот претседател Володимир Зеленски со Сер Винстон Черчил.
Џонсон рече дека верува оти „духот на Черчил оди со Зеленски“ и е таму со него при секое искушение низ кое минува, пренесува АП.
Британскиот премиер направи споредба за време на церемонијата на Даунинг стрит каде на Зеленски, кој се појави преку видео врска, му беше врачена наградата за лидерство на Сер Винстон Черчил.
На церемонијата присуствуваа членови на семејството Черчил и Меѓународното друштво Черчил.