Нова глобална финансиска криза може да се случи поради скокот на доларот и преместувањето на капиталот од развиените пазари, рекол Џорџ Сорос во Париз во рамки на Европскиот совет за надворешна политика, а цитиран од Блумберг.
„Брегзит“ е исклучително штетен процес, кој ги оштети и двете страни. Разводот ќе биде долг, ќе одземе веројатно пет години – цела вечност во политиката“, додал Сорос истакнувајќи дека ЕУ е пред егзистенцијална закана.
Повлекувањето на САД од нуклеарниот договор со Иран и уништувањето на трансатлантскиот сојуз меѓу ЕУ и САД, неизбежно ќе имаат штетен ефект врз европската економија и ќе предизвкаат други поместувања, вклучително и намалување на вредноста на валутите во пазарите кои се развиваат“, смета Сорос.
Предупредувањето доаѓа во момент кога италијанските хартии од вредност постигнаа рекордни камати во последните години заради политичката криза, а економиите како Турција и Аргентина се обидуваат да се справат со последиците од високата инфлација.
„Се што можеше да тргне наопаку, тргна“, рекол Сорос.
Тој го повторил својот предлог за „Маршалов план“ на ЕУ за Африка вреден 30 милијарди евра годишно, што би требало да го намали притисокот од мигранти кон Европа. Сорос смета и дека еврото има многу нерешени проблени кои можат да ја уништат ЕУ.