Светскиот пазар на телевизори порасна за 7,9 отсто во првиот квартал од годината во споредба со истиот период во 2017 година и достигна 50,6 милиони единици, според новите податоци од аналитичката компанија „IHS Markit“.

Новите пазари, како што се Латинска Америка, го покажуваат вообичаениот пораст во пресрет на Светското првенство, кое оваа година ќе биде во Русија. Зголемената побарувачка е исто така забележана во источноевропските земји, вели извештај на „IHS Markit“.

Во кварталот, продажбата на телевизори во Латинска Америка се зголеми за 40 отсто на годишна основа, при што најголем раст има кај 50-инчните и поголемите модели. Како резултат на тоа, просечната цена на телевизорите што се продаваат во регионот е највисока кај пазарите во развој.

На глобално ниво, просечната продажна цена е највисока во Западна Европа – таа изнесува 712 долари во кварталот, со тоа што регионот е на второ место во продажбата на 4K телевизори. Најниската цена од 446 долари е просечната продажна цена на телевизорите во Кина поради конкуренцијата од локалните брендови.

Повеќето продадени телевизори во светот во кварталот – околу 50,1 милиони единици – имаат ЛЦД панели. Сегментот се зголеми за 7,5 отсто на годишна основа. Во исто време, продажбата на ОЛЕД телевизорите скокна за 115,8 отсто на 470.000 единици.

Севкупно, продажбата на ЛЦД телевизори се намали за 3,6% во 2017 година, бидејќи нивната просечна цена не се намали колку што се очекуваше. Раздвижувањето во на крајот на годината и почетокот на 2018-та се одрази на првиот квартал, а особено силно влијае претстојниот фудбалски шампионат.