На церемонија во Азербејџан, денес беше пуштен во експлоатација првиот дел од гасоводот „Јужен коридор“, преку кој ќе се доставува азербејџански гас за Турција и Европа. Проектот е под американска закрила и треба да биде замена за Турскиот тек со што Русија би била исфрлена од игра. Тој ги опфаќа Азербејџан, Грузија, Турција, Грција, Албанија и Италија. Македонија има проект кој предводува приклучување кон оваа линија.

Вредноста на проектот е 40 милијарди долари. Гасоводот ќе биде долг 3 500 км од Баку до Јужна Италија.

Првите количества гас за Европа се очекуваат во 2020 година.