Милијардерот Џорџ Сорос изјави дека Европската Унија може да се распадне во пресрет на новата пандемија на коронавирус, освен ако блокот не издаде постојани обврзници за да им помогне на слабите членки, како што е Италија, објави Ројтерс.
Корона вирусот кој се појави во Кина, а потоа го преплави светот и ги запре економиите, придоносе владите да ги зголемат долговите на своите држави до ниво кое не е видено во мирновременски услови.
Сорос (89) рече дека штетите по економијата во еврозоната од новиот коронавирус ќе траат „подолго отколку што мислат повеќето луѓе“, додавајќи дека брзата еволуција односно мутација на вирусот значи дека ќе биде тешко да се развие сигурна вакцина.
Според него, системот со трајните обврзници, кој го користеа Британците за финансирање на војните против Наполеон, ќе и овозможат на Европската Унија – самата создадена од пепелта на Втората светска војна – да преживее.
„Ако ЕУ не може да го разгледа тој систем сега, можеби нема да може да ги преживее предизвиците со кои се соочува моментално“, рекол Сорос, според транскриптот од сесијата на прашања и одговори испратени до новинарите. „Ова не е теоретска можност; тоа може да биде трагична реалност “.
Коментарите биле одобрени од Сорос за објавување во петокот, изјавил неговиот портпаролот.
Сорос рекол и дека со поголемите земји, како што е Германија, продавајќи обврзници со негативен принос, трајните обврзници ќе ја олеснат опасната буџетска криза низ целиот блок.
Тој рече дека ЕУ ќе мора да го задржи својот кредитен рејтинг „ААА“ за да издаде вакви обврзници (В. Британија на 20 мај веќе ги продаде првите вакви обврзници)
Запрашан за Брексит, Сорос рече дека е особено загрижен за Италија: „Што ќе остане од Европа без Италија?“