Италијанската политичарка од крајната десница Џорџа Мелони положи заклетва како нов премиер на Италија, со што стана првата жена во историјата на земјата што ќе ја извршува таа функција.
Мелони го предводеше сојузот на конзервативните партии кои победија на парламентарните избори одржани на 25 септември.
Таа вчера ги заврши консултациите со италијанскиот претседател Серџо Матарела во претседателската палата.
Пратениците следната недела ќе гласаат за доверба на новата влада во двата дома на Парламентот.