Британецот Ентони Џошуа го победи рускиот боксер Александар Поветкин синоќа во Лондон на „Вембли“ со нокаут во седмата рунда.
Британецот ги одбрани титулите во верзиите на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО.
-Имав многу тежок противник, тој тоа го докажа со добри удари. Можеби пред неколку години не би ја добил оваа борба. Победата е заслуга на мојот тим и на луѓето кои помагаат во кампот за трнинзи, изјави Џошуа.
За 28-годишниот Британец ова беше 22. победа на исто толку борби во својата професионална кариера.
Поветкин го претрпе вториот пораз во 37-от меч.