Центарот Минесота Карл-Ентони Таунс ќе потпише нов договор со клубот од Минеаполис.

Како што објави ЕСПН, двете страни се согласија за петгодишен договор во висина од 190 милиони долари.

Според договорот, кошаркарот има можност за значителни бонуси при различни достигнувања, на пример, освојувањето на МВП наградата.

22-годишниот Таунс минатата сезона во основниот дел одигра 82 натпревари, во просек за постигнуваше по 21,3 поени и имаше 12,3 скока. Во НБА плеј-офот просекот по натпревар му беше 15,2 поени и 13,4 скока.