Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во четвриот квартал од минатата година во однос на тој квартал од претходната година, се повисоки за 5,9 отсто, трошоците за материјали се повисоки за 3,2 отсто и трошоците за вработените се повисоки за 13 отсто.
Во споредба со третиот квартал од 2018 година трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 0,3 отсто, трошоците за материјали се пониски за 0,2 отсто и трошоците за вработените се повисоки за 1,6 отсто, објави Државниот завод за статистика.