Првпат на овој попис бројот на дневно попишани се соопштува секој ден за претходниот, исто како бројот на новозаразени од Ковид-19, бројот на сообраќајки и слично.
Вкупно 1.212.339 лица, 378.033 домаќинства и 516.787 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика.
Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 193.982 лица.
Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември.