Цените на угостителските услуги во март се намалени за 0,3 проценти во споредба со февруари, а зголемени за 1,3 проценти во однос на март минатата година.

Според податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика, намалување има во групите храна за 0,3 проценти, алкохолни пијалоци за 0,4 проценти, безалкохолни пијалоци за 1,3 проценти и ноќевања за 0,1 процент.

Во периодот јануари – март цените на угостелските услуги се зголемени за 2,2 проценти во однос на истиот период лани, а во однос на декември има зголемување за 0,1 процент.