Двајца мажи се уапсени поради силување на осумгодишно девојче, а граѓаните на индискиот град Мансура денеска излегоа на протест барајќи правда за жртвата.
Девојчето е хоспитализирано со тешки повреди, меѓу кои и рани од нож.
Полицијата објави дека девојчето било киднапирано во вторникот од пред училиште, а пронајдена е во бессознание и прекриена со крв во една грмушка.
Видео камерите ги снимиле двајцата мажи како и даваат колачи и потоа девојчето заминува со нив.
Жителите на Мансура и главниот министер на сојузната индиска држава Мадиа Прадеш бараат смртна казна за силувачите.
Според лекарите девојчето е надвор од животна опасност, но е потребно време да заздрави.