Ед Ширан доби тужба за плагијаторство (ВИДЕО)

/ 02.07.2018

Тужбата е од семејството на покојниот Марвин Геј. Тие тврдат дека Ширан ги украл музиката, ритмот, хармонијата, тапаните, темпото и придружните вокали од песната „Let’s Get It On“ од 1973 година.

Ширан засега се уште не се огласил за обвиненијата.

Песната „Thinking Out Loud“ се најде на неговиот албум „Х“ кој беше продаден во повеќе од 15 милиони примероци. На Јутјуб, пак, песната е преслушана над милијарда пати.


Од истата категорија