Пешак загинал во една од вкупно 13 сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во две со потешки телесни повреди се здобиле пешак и велосипедист, а во пет сообраќајки полесно биле повредени пет лица. Во пет сообраќајки била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека викендов сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Педесет и седум возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, еден возач поминал на крстосница на црвено светло, како и 40 возачи за не користење на заштитен шлем. Санкционирани биле и тројца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин. Затекнати биле 55 непрописно паркирани возила.

Од сообраќај биле исклучени 15 нерегистрирани возила.

Со помош на  специјалното возило пајак, отстранети биле 70 возила.

Во рамките на сообраќајно-воспитниот проект „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“ Одделението за превенција при СВР Скопје денеска ќе реализира едукативна работилница со децата од средна и голема група во детската градинка „Весели светови“’, објект „Синоличка“, која се наоѓа на подрачјето на општина Кисела Вода.

Одделението за превенција денеска ќе реализира и посебна воспитна мерка – сообраќајна поука, на која ќе присуствуваат  граѓани  учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возачи на велосипеди со мотор, мопеди и мотоцикли.