Министерството за здравство информира дека на Инфективната клиника во Скопје почина пациент на 80 години од Скопје, лекуван на Клиниката од 21 април.
Во изминатите 24 часа потврдени се 26 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје -11, Куманово -2, Тетово -3, Струга – 6, Битола -1, Гостивар -1, Виница- 1 и Неготино -1. Заболеното лице од подрачна единица Неготино е жител на Демир Капија. Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1326.
По завршување на епидемилошките анкети, од вчерашната евиденција едно лице од Гостивар е жител на Тетово, а едно лице од Кичево е жител на Скопје. Согласно ова последната дистрибуција по градови е:
Скопје – 451
Куманово – 355
Дебар – 51
Штип-34
Прилеп –131
Тетово – 69
Струга – 61
Велес – 62
Битола –18
Охрид –15
Кавадарци – 5
Гостивар –14
Гевгелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка-5
Радовиш – 4
Крушево – 3
Кочани – 28
Пробиштип – 2
Кичево – 2
Неготино -4
Демир Хисар – 1
Македонски Брод -2
Пехчево- 1
Валандово -1
Виница – 1
Министерството за здравство информира и дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 36 оздравени пациенти. Од нив 2 пациенти од болничко лекување и 34 кои се лекуваа во домашни услови. Оздравени пациенти на домашно лекување се евидентирани во: Скопје- 15, Прилеп- 6, Велес- 3, Кочани -2, Пробиштип-1 и Штип -7.
Во изминатото деноноќие направени се 408 теста. Преку ИЈЗ –233, преку Ветеринарен ф-тет -12, Авицена –15, Биотек –52, Филип Втори (Жан Митрев) –76, Систина со PCR метода -16 и МАНУ – 4. Досега во земјата се направени вкупно 14057 тестирања на ковид -19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се примени 3 пациенти, а хоспитализирани вкупно 61. Критични пациенти на механичка вентилација се 6, а потешко болни се уште 19 пациенти кои се на кислородна поддршка.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 11, а хоспитализирани вкупно 38 пациенти. Со потешка клиничка слика се 6 пациенти, а 7 се на респираторна машина.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 6 пациенти, а на домашно лекување се следат 11 пациенти, додека во Штип болнички се лекуваат 3, а на домашно лекување уште 15 пациенти.