Едно лице го изгуби животот, а седум се полеснo повредeни во осум сообраќајни несреќи регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје.
Сообраќајната полиција санкционирала 95 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, а исклучила од сообраќај двајца возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 14 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, тројца почетници и тројца останати.
МВР информира дека од сообраќај се исклучени 13 нерегистрирани возила, 194 автомобили кои биле непрописно паркирани.
Со помош на специјално возило пајак отстранети се 55 возила.
Двајца возачи поминале коловоз на црвено светло, еден возач не дал првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин, додека пак пет возачи неправилно престигнувале. Еден возач не дал првенство на минување на пешаци, тројца се престроиле неправилно, еден неправилно престигнувал, а тројца возачи не дале првенство на минување на возила во зона на крстосница.