Албанскиот премиер Еди Рама телефонски разговарал со американскиот државниот секретар Ентони Блинкен поради кибернападите врз Албанија.
Според албанските медиуми Блинкен го осудил кибернапад изведен на 9 септември врз албанските гранични контролни системи, што уследи по кибернападите на Иран врз владините системи на Албанија на 15 јули.
Блинкен ја истакна важноста на соработката меѓу САД и Албанија, како сојузник во НАТО, за регионалната безбедност.
И за последниот кибернапад одговорноста ја презеде групата „Татковинска правда“. Истиот се случи по одлуката на албанската Влада да ги прекине дипломатските односи со Иран и протерување на целиот персонал од Амбасадата.