Варис Карим од Нигерија има само 11 години и со своите уметнички дела веќе го тресе уметничкиот свет.

Вниманието го свртел уште кога имал шест години. Со неговиот хипер реализиам го претставува секојдневнието кое младиот Карим го гледа. Еден од неговите најпопуларни цртежи е наречен „Дневен леб“ со кој го искажува своето секојдневно искуство.

-Инспирацијата ја добивам од околината, особено од моите родители-вели Карим.

Тој вели дека потта ја симболизира тешката работа и маката, а лажицата е храна.

-Сите во моето оипштество имаат малку. На мојата улица патат, патат, се мачат, тие се потоат за нешто да јадат“, објаснува Карим.

Тој работи во едно мало студио во Лагос и сонува дека еден ден неговите уметнички дела ќе бидат изложени во некој светски музеј.

Неговиот учител Адени Адеволе за медиумите изјави дека Карим е еден од неговите најталентирани ученици и верува дека може да постигне многу во уметноста.