Партијата Единствена Македонија денеска соопшти дека се фалсификувани бројките од Пописот 2021 што беа соопштени пред неколку дена на свеченоста во Македонската филхармонија.
Партијата се повикува на документ до кој дошла, а во продолжение ставот на Единствена Македонија за пописот и фактитите кои ги понуди на јавноста:
Според пописот, вкупниот број резидентно и нерезидентно население, односно, македонски државјани во земјата и во странство имало вкупно 2.097.317 или како Македонци 54,21 отсто, како Албанци 29,52 отсто и како други 16.27 отсто.
Единствена Македонија дојде до документот од МВР за регистарот на државјани.
Од документот се гледа дека вкупниот број на македонски државјани во земјата и странство е 2.500.326. Од друга страна, марионетската власт објави дека вкупниот број на државјани во земјата и странство кои се попишани е 2.095.645.
Кога оваа бројка што ја кажува власта ќе се одземе од вкупниот број на државјани, фалат уште 404.861 лице. А тоа се речиси сто отсто Македонци кои не се попишани и се работи за нашите Македонци од Австралија, САД, Канада и Европа.
Власта, исто така обајви дека и 132.260 лица во Република Македонија кои го бојкотираа пописот, сепак се внесени во бројката на попишани и тоа било направено врз основа на базата на податоци кои ги има во државните органи, ама без да ја внесе нивната национална определба иако и тука станува збор за речиси сто отсто Македонци кои го го бојкотиравме пописот.
Како што спомнавме од официјалниот документ на МВР за регистарот на државјани произлегува дека не се попишани 404.861 лице кои живеат во Австралија, САД, Канада и Европа, а исто така не е наведена етничката припадност на 132.260 лица кои во Макеоднија го бојкотиравме пописот.
Кога ќе се соберат овие бројки, вкупно не се наведени во пописниот резултат 537.121 македонски државјанин кои речиси сто отсто се Македонци или 21,48 отсто од Македонците не се наведени во резултатот од пописот. Од друга страна, Албанците во странство беа целосно попишани, бидејќи министри- албанци во владата во координација со албанската шпионска служба шетаа по Европа и ги собраа матичните броеви на Албанците во странство.
Како што се гледа од најрелевантно и најкомпетентно место и тоа не било каков документ, туку официјален документ од МВР, конечно го откриваме целосниот фалсификат според кој, да повторам, 537.121 или 21,48 отсто Македонци не се наведени во пописниот резултат.
Власта објави дека во странство има 258.932 македонски државјани од кои 63.572 Македонци. Па, кој ќе поверува дека во Австралија, САД. Канада и Европа живеат само 63.572 Македонци.
Најбитното, според овој документ и според табелите кои ги имаме за етничката структура прозлегува дека од 2.500.326 државјани на Република Македонија во земјата и странство, 74.66 отсто се Македонци, како 16,52 се албанско малцинство и 8,82 отсто други малцинства.
Македонскиот народ и државјаните на Република Македонија да бидат спокојни. Пописот е неуспешен и мора да се поништи. Податоците за бројноста на Македонците се целосно погрешни.
Центар за комуникации на Единствена Македонија