Хммм, Бугарка (според денешните наши Северџани, а и не само тие), а се борела за ослободување на „македонскиот народ“ кој не постоел во илинденско време, нели? Не држи многу вода таа теза, зар не?
„Биографија на Вета Николова Крстеска од Крушево, пишувана на машина за пишување во која, меѓудругото наведува:
„…стара на 82 години. Иас (машината нема Ј, туку бугарско й, н.з.), потекнувам од гратска (гратска, наместо градска, преписот е во оригинал, н.з) сиромашна фамилийа, през младите години бев оставена сирачка и по тийе причини бев принудена за да се омажам за некой си Стоико од с. Д. Дивйаци, али прибидейки той замина на печалба во Романийа и пойке не се врати, и ме остави со машко дете. али прибидейки йас немав издржаванйе бев принудена за да се омажам за покойниот ми маж Крстески Никола – Биринец.
После мойето маженйе за Никола по кратко време дознав дека пок. ми маж беше поврзан со тогашниот комитет пошто брат му на пок. ми маж, Блаже Биринчето беше прогласен за войвода во Крушевската Околийа, и по тие причини и йас се сврзав со тайа Македонска Организацийа и работев деноношно за ослободуванйето на Македонийа и Македонскиот народ и това од 1905 па се до 1912 година, до ослободуванйето т.й. до првата светска война.
Во истото време кога работев во организацийата јас йас лично криев во мойта кукийа кумити-револуционери, некой болни ги лекував и по излекуванйето пак ги испракийав во четите, йас ги ранев, перев као и све што беше потребно ги снабдевав, а тийе бейа овийе: Гиоре Рало, Методийа Стойчески, Ташку Влаот, кой седе седум дена болен, Георри Н. од с. Крушани, као и многу други лица од организацийата, али после извесно време бевме приметени од страна на Турската власт, и цела наша фамилийа беше затворена и испратена во Битолската апсана и задржани 3 месеци затворени… Потпис нечиток
Оваа биографија Вета ја приложила кон нејзината молба од 18 февруари 1953 година, а Одборот за илинденски пензии со Решение од 23 јуни 1953 година на Вета Крстеска и доделил Илинденска пензија.“
(Од „Ветераните на Илинден“, Кочо Топузоски, 2017 година)
Сега, да ја разгледаме тезата дека Вета, како и сите Македонци од Илинденското време биле Бугари. Тогаш, не постои можност комунистичкиот Одбор во 1953 г. да и доделил пензија. Ако пак таа била Бугарка, како што с етврди денес, а се пишала на 82 години без принуда за Македонка, само за да добие пензија, тогаш и не било баш јако тоа „бугарско национално чувство“ штом можело да се продаде, нели?
Се разбира, може да се приговори дека денес многу Македонци кои извадиле бугарски пасош се запишале дека се Бугари. Да. Ама во нивните документи во Македонија, пред да се воведе ова со три коси црти, односно пред да бидат избришани, и натаму стои изразот на нивната слободна волја – дека се Македонци. А Вета никој не ја принудувал, посебно што имала роднини па не била баш страдна за пензијата.