По скоро година дена од мега-аферата, Судски совет собра сила и судијата од Апелацискиот суд Скопје, Енвер Беџети е разрешен од функцијата.

Заедно со поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, тој пред  11 месеци беше ставен на т.н. црна листа на САД, бидејќи примал мито и одолговлекувал предмети поврзани со поранешниот прв човек на некогашната Управа за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков.

Судскиот совет по скоро цела година донесе решение со кое го разреши Беџети, наведувајќи дека е утврдена потешка дисциплинска повреда што го прави недостоен за вршење на судиската функција.

Како причини се наведуваат: сериозна повреда на јавниот ред и мир, други потешки форми на недолично однесување, нарушување на угледот на судството.

„Кога е вака нарушен угледот, тој судија повеќе не може да суди, бидејќи не постои веќе доверба. Таа доверба е целосно изгубена,“ стои во решението на индолентниот Совет, кому му требаше една година да го сфати она што јавноста го знае цели 11 месеци…