По малку веќе е излитена онаа дека „една слика вреди илјада зборови“, но денес една објава на социјалните мрежи може да вреди приближно исто толку зборови.

Како следнава што е објавена на Фејсбук:

„Никогаш да не се заборават овие нежни стихови искажени од една гооолема северџанка кон Нобеловецот од Муртино“, пишива Марјан Ангелов во кратката објава на неговиот профил на Фејсбук.

Читателите ќе се потсетат на девојката со емотивни настапи во времето на големите турбуленции во Македонија кога премиер беше Зоран Заев, во чие време, и покрај неговите крвави клетви дека нема да го смени името на Република Македонија, се случи токму тоа.

Тие што не се со мал капацитет на сеќавања на изминатите неколку години ќе се потсетат и на аферата за тренирани магариња, за која власта на свои приврзаници исплаќаше големи суми пари за таа намена.