Македонскиот актер Тодор Николовски, кој е роден на денешен ден во 1999 година, неофицијално е македонски глумец со најдолг животен век.

На тоа денеска потсетуваат администраторите на ФБ-страницата „Ѓорѓи Колозов“, чија објава во продолжение ја пренесуваме во целост:

Најстариот Македонски актер што некогаш живеел!

Починал дури во сто и првата (101) година од својот живот! Тодор Николовски, е роден Велешанец…

Станал актер дури во 1921-та година. За себе велел дека немал диплома за актер, неговата диплома е и ќе биде публиката!

Најпознат е по улогата на легендарниот Чорбаџи Теодос, кумот на чергарите…иако во својата долга и плодна кариера толкувал и многу други важни и интетесни улоги…

Не ги криел солзите радосници кога за прв пат во 1945 година конечно заиграл на свој мајчин македонски јазик!

Татко му бил комита во време турско…

Интересни факти за неговиот живот: Роден е 1898 според многу сведоци и факти, а сепак во Велес во заводот на родени е запишан во 1902 година.

Живеел во два века, 19 и 20. Во време турско го видел Мехмет Паша трети. Мајка му Роса го доела до неговата петта година, а еднаш и киднал од скутот и се доел од една Ромка. Станал актер во 1921 година, а негова последна улога била во 1993 година. 70 години газел по штиците што живот значат.

Заедно со Петре Прличко од Партизани го отвориле првиот Македонски народен театар во слободна Македонија. Затоа тие двајца се сметаат за доајени, бардови и “богови” на македонското глумиште. Пиел и пушел цел живот, како вистински боем, а сепак доживеал длабока старост и починал во својата сто и прва година од својот живот во 1999 година пред прагот на 21-от век!

Такви беа нашите стари! На денешен ден 16 Јануари пред 126 години е роден во Велес. Вечна му слава и незаборав!

(Текстот и фотографиите ги подготвил, админ Горан Марковски)