Египет му се приклучи на Сенегал во финалето на африканскиот Куп на нации, откако синоќа го совлада домаќинот Камерун на пенали со 3-1 (0-0, 0-0).

Египет со седум титули е најуспешната репрезентација во историјата на Купот на Африка, и в недела ќе се обиде да се искачи на тронот за прв пат по 2010 година, Камерун со поразот пред своите гледачи остана втора најуспешна нација со пет африкански титули.

Во првото полуфинале одиграно во средата, Сенегал ја совлада Буркина Фасо со 3-1.

Дуелот за третото место меѓу Камерун и Буркина Фасо е на програмата утре од 20 часот, додека финалето ќе се игра в недела со почеток од 20 часот.