Египќанец кој живее во Саудиска Арабија објавил на Твитер снимка каде се гледа како на работа појадува со жена со бурка, по што бил уапсен.
Министерството за труд и општествен развој на Саудиска Арабија го осомничи Египќанецот за повеќе прекршоци, меѓу кои и „седење на место наменето исклучиво за Саудијци”, пренесува Би-би-си.
Снимката трае 30 секунди, и на неа двојката се шегува за заедничкиот оброк на којшто никој друг не е поканет. „Најконтроверзната“ сцена следи на крајот, кога жената му дава залче храна на Египќанецот. Поради тоа, многумина Саудијци коментираа дека не тој, туку таа треба да биде казнета.
– Јас сум Саудијка и се колнам дека сакам да ја казнат и неа заедно со него. Смеа, оброк на работно место… Каде ви се границите?, напиша една изреволтирана коментаторка на Твитер по име Малак.
Сепак, имаше и поинакви коментари, за тоа дека сето тоа е нормално.
Во Саудиска Арабија жената не смее на работното место или во ресторан да седи во друштво со маж кој не е член на нејзиното семејство, а при повеќето активности таа мора да биде во придружба на „заштитник“, обично таткото, сопругот, брат или син.
Египетската твитерџика Соња пак, смета дека апсењето Египќанецот е резултат на „кревкото его” на саудиските мажи.
ان شاء الله يعاقبوه…وهي يحذروها pic.twitter.com/PrAhCQ18PF
— فواز…الحربي (@fawaz05533111) September 8, 2018