Европската комисија денеска оцени дека „Евреите од Европа повторно живеат во страв“ и остро го осуди „оживувањето“ на антисемитските инциденти низ Европската унија по избувнувањето на конфликтите на Блискиот Исток.

„Зголемувањето на антисемитските инциденти низ Европа во изминатите денови потсетува на некои од најмрачните периоди во историјата“, се вели во соопштението на Европската комисија.

Комисијата додаде дека тие случаи се против се што претставува Европа, против европските основни вредности и против европскиот модел на општество.