Израелските одбранбени сили (ИДФ) целосно го опколија градот Газа и стигнаа до морето, изјави на брифинг портпаролот на армијата, бригадниот генерал Даниел Хагари.

„Денес силите на ИДФ од пешадиската бригада Голани го опколија градот Газа, стигнаа до морето и држат позиции. Градот Газа е исто така опколен од југ. Се уште функционора коридорот по кој жителите од север, можат да се преселат на југ“, рече тој, пренесува Тајмс оф Израел.

Тој рече дека армијата во моментов изведува опсежни напади во Појасот Газа.