Европската комисија објави денеска список со 23 држави вон ЕУ каде правилата против перење пари и финансирање тероризам се слаби.
Во Списокот се Авганистан, Американска Самоа, Бахами, Боцвана, Северна Кореја, Етиопија, Гана, Гуам, Иран, Ирак, Либија, Нигерија, Пакистан, Панама, Порторико,Самоа, Саудиска Арабија, Сирија, Тринидад и Тобаго, Тунис, Шри Ланка, Девствени Острови и Јемен.
-ЕУ не може да биде место за незаконски пари, изјави Вера Јурова, еврокомесар за правда, при претставувањето на списокот.
– Европа е отворена за бизнис, но не е наивна и треба да го заштити својот финансиски систем, доаде таа.
Списокот е предупредување за финансискиот сектор да биде особено внимателен со пренесуавње пари од тие држави.
– Првиот таков список е претставен во 2016 година, но за првпат ЕК воведува свои и построги правила, појасни Јурова.